Во 2015 и 2018 година, CureVac доби финансиска поддршка за развојни проекти од инвестициската фирма Била и Мелинда Гејтс кога работеше на маларија и инјекции на грип.

Објавил: admin@magazin | 16 март, 2020 14:30

САД со измама до ВАКЦИНА: Германија ги спречува да ги превземат испитувањата за КОРОНА!

Фото/Текст извор: ©Foto: Profimedia, Shutterstock магазин.мк

Берлин се обидува да го спречи Вашингтон да ја убеди германската фирма за вакцини против коронавирус да ги пренесе своите истражувања во САД, пренесува Ројтерс.

Извор на германската влада изјави за Ројтерс денес дека американската администрација се обидува да најде начин да добие пристап до потенцијална вакцина што ја развива германската компанија ЦуреВац.

Претходно, германскиот весник Велт ам Зонтаг објави дека американскиот претседател Доналд Трамп му понудил пари на CureVac за да го намамат да се пресели во САД и оти германската влада направила контра-понуди за да ја задржи компанијата во земјата.

„Германската влада е многу заинтересирана да обезбеди вакцини против коронавирус и активни супстанции во Германија и Европа“, рече портпаролот на германското Министерство за здравство, потврдувајќи го пишувањето на списанието.

„Во овој поглед, владата е во интензивен контакт со CureVac“, додаде тој.

Извор на германската влада изјави за Ројтерс денес дека американската администрација се обидува да најде начин да добие пристап до потенцијална вакцина што ја развива германската компанија ЦуреВац.

Велт ам зонтаг, исто така, цитираше неименуван извор од германската влада, кој рече дека Трамп се обидува да добие ексклузивни права над работата на научниците и ќе стори сé за да ја донесе вакцината во САД, „и само за САД“.

Портпаролката на германското Министерство за економија исто така рече дека официјалниот Берлин е „многу заинтересиран“ за производство на вакцини во Германија.

Амбасадата на САД не беше достапна да го коментира случајот, пишува денес Ројтерс, како и официјални претставници на CureVac.

Флоријан фон дер Мјелбе, шеф на производство на CureVac, минатата недела за Ројтерс изјави дека компанијата започнала со работа на голем број кандидати за вакцини против коронавирус и сега е во процес на избор на двајцата најдобри за да влезе во процедура за клиничко испитување.

Оваа приватна компанија, со седиште во Тибинген, се надева дека ќе има готова експериментална вакцина до јуни, кога ќе побара човечки тест.

Претходно овој месец, компанијата соопшти дека нејзиниот извршен директор се состанал со Трамп, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, членови на тимот на Белата куќа Коронавирус и високи претставници на фармацевтски и биотехнички компании за да разговараат за вакцината.

Карл Лојтербах, професор по здравствена економија и епидемиологија, член на Социјалдемократската партија, одговори на твитер, пишувајќи:

„Ексклузивната продажба на можна вакцина за Америка мора да се спречи на секој начин. Капитализмот има ограничување“.

Во 2015 и 2018 година, CureVac доби финансиска поддршка за развојни проекти од инвестициската фирма Била и Мелинда Гејтс кога работеше на маларија и инјекции на грип.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...