Матео Салвини, со своите директни и десничарски ставови, од ден во ден, се повеќе во очите на италијанската јавност, се позиционира на фунцијата иден премиер на Италија

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 10:02

Салвини: Кој ги сака имигрантите нека ги прими, ние во Италија имаме многу

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Дебатата помеѓу италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини и луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборан, за имигрантите се засили.

Викендов Аселборан го нарече Салвини првиот “фашист”.

“Министер, социјалист, во луксембуршкиот даночен рај, денес ме нарекува фашист откако нашите дедовци, италијански емигранти ги спореди со денешните илегалци и го прекина мојот говор викајќи “срање”, напиша Салвини во неделата на Twitter.

Но Салвини не запре тука.

“Со што тие во Луксембург имаат проблем? Никако фашизам, само почитување на прописите. Доколку толку ги сака имигрантите, сите нека ги прими во Луксембург, ние во Италија веќе многу примивме”, додаде Салвини.

Аселборн во интервју за порталот на германскиот магазина Der Spiegel во саботата го обвини Салвини дека “се служи со методите и тонот на фашистите во 1930-те”.

Острата изјава на италијанскиот министер за внатрешни работи за увозот на африкански „робови“ поттикна во петокот во Виена лута реакција на луксембуршкиот министер за надворешни работи. На видеоснимката која неговите најблиски соработници ја објавија на Facebook, Салвини зборува за состанокот на европските министри за внатрешни работи и ја критикуваше изјавата на изјавата на Аселборн дека на Европа која што старее и се потребни имигранти.

Луксембуршкиот министер полемиката во петокот во Виена ја нарече „пресметена провокација“, пишува дневниот весник La Repubblica на својата мрежна страница, додавајќи дека видеото е снимено без знаење на другите учесници и објавено на Facebook.

“Ако се снимаат состаноците на министрите на ЕУ па и состаноците на претседател на државата и владата, тогаш веќе нема да има отворени расправи”, се пожали Аселборн.

На ова Салвини повторно со одговор.

“Граѓаните ме плаќаат да им помогнам на младите луѓе да основаат семејство со деца, како што тоа го правеа пред неколку години, а не да ја одберам најдобрата африканската младина за да ги замени Европејците кои повеќе немаат деца. Можеби во Луксембург има потреба од тоа, но во Италија мораме да им помогнеме на нашите деца да имаат деца, не дека имаат нови робови кои би им ги замениле децата коишто ги немаат”, вели Салвини.

Аселборн, кој на снимката е во прв план ги загубил нервите и извикува “Во Луксембург, драг господине, имавме десетици илјади Италијанци. Дојдоа како мигранти кои работеле во Лускембург, за вие во Италија да имате пари за своите деца, срање!”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести