До сега кралицата има посетено 116 земји во светот,

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 април, 2019 14:52

Само еден човек во светот може да патува без пасош каде и да посака

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Верувале или не британската кралица Елизабета Втора може да патува без пасош каде и да посака. 

Таа е владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот, а секако тоа носи многу привилегии, меѓу кои и патувањето без патнички документи во странство. Интересно е тоа што оваа привилегија ја има само таа, кралицата Елизабета Втора, и оваа привилегија не важи за другите членови на британското кралското семејство.

Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. През периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери, како и бројни други премиери на земјите на Комонвелтот на кои таа е шеф на држава.

До сега кралицата има посетено 116 земји во светот, и ќе биде запаметена во историјата како британски монарх кој посетил најмногу земји. Таа освен во земјите со кои владее, може да патува без пасош низ целиот свет.  Привилегија е и тоа што кралицата има моќ сите британски пасоши да се издаваат од нејзино име. Кралицата исто така има имунитет за кривични гонења, има право да ѝ објави војна на која било земја, има право да вози без возачка дозвола… како и многу други права и предности…

Инаку целосното име на кралицата Елизабета втора е Елизабета Александра Мери Виндзор и е родена на 21 април 1926. Таа е кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Според Вестминстерскиот статут од 1931 год., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на тронот во 1952 год.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.