Македонскиот граѓанин заедно со уште двајца колеги прво беа киднапирани па убиени

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 7:48

Само македонските институции без идентитет на жртвата од Кабул

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Љубанци обвиено во црно. Илија Мерџановски е убиениот триесет и седум годишен Македонец во Авганистан.

Официјална потврда од Министерството за надворешни работи се уште нема од каде велат дека поради сериозноста на случајот не можат да коментираат се додека од тамошните институции не добијат официјална информација по нивното барање.

Илија бил пред седум години на печалба во Авганистан па се вратил и на Иванден годинава повторно отишол во Кабул во компанијата за храна и кетеринг услуги “Содексо” каде што работел како кувар. Три години менаџирал со ресторан во Љубанци – воедно и познат рибник во кој доаѓале гости и од внатрешноста.

Светските медиуми пренесуваат информација од авганистанското МВР дека станува збор за терористички акт а се сомневаат и дека возачот на автомобилот е вмешан во тројното убиство. Киднапирани со врзани раце а потоа стрелани во глава. Нивните лични документи биле пронајдени покрај нивните тела.

Покрај Илија Мерџановски – ликвидирани се уште двајца – 39 годишен Индиец и 64 годишен Малезиец кои биле негови колеги во “Содексо”.

Кабул е главниот град на Авганистан каде што има многу странски државјани кои се на печалба како кувари – водоводџии – електричари. Имаат високи плати но голем ризик по живот. На мета на милитантните групи се токму странците кои често ги киднапираат и за нивниот живот бараат скап откуп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.