Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар?

Објавил: Перо Милчин | 3 јуни, 2019 0:42

САМСОНЕНКО: КАКОВ КРАЈ, ОДИМЕ ПОНАТАМУ- ЈАС НЕ МОЖАМ БЕЗ ВАРДАР„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар е пресреќен од сработеното на ракометарите на Вардар на Ф4 турнирот во Келн и освоената нова титула. Ова е втора европска титула за македонскиот ракометен шампион Вардар.

Сопственикот на Вардар и Рускиот милионер, Сергеј Самсоненко, изјави дека полуфиналето против Барселона го гледал разочарано, а потоа почнал да гледа минус четири, три два, еден, нула и Вардар влезе во финалето. 

Тој исто така изјави дека секоја година верува и очекува титула. Вели дека секогаш кога се разговара меѓу играчите, титулата е на прво место. 

Под водство на Самсоненко, РК Вардар стигна до титулата европски шампион во 2017 година, освои 4 титули од регионалната СЕХА лига, додека ЖРК Вардар три пати беше бронзен, а двапати сребрен во големите европски финалиња.

„Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар? Никој не ја знае ситуацијата најдобро бидејќи сето тоа се само гласини, сплетки… Вистинската информација која е точна е дека освоивме втора титула во третото учество во Келн и не е така лошо бидејќи можевме три од три. Не успеавме лани, па сега Вардар треба да почне со работа за четврто учество во Келн и за трета титула“, изјави Самсоненко после освоената круна.

Самсоненко изјави дека на почетокот на секоја сезона минимумот кој се очекува е пласман на Ф4 во Келн и освојување на трофејот. Тој вели дека играчите потрошиле многу емоции на еден таков меч од минус седум да се дојде до плус два. 

„Јас секоја година верувам и очекувам титула. Ние секогаш кога разговараме, секогаш титулата ни е на првото место. Минимумот кој го посакуваме е фајнл-фор и првото место. И вчера разговаравме после мечот со Барселона со момците дека сите беа воодушевени. Тие потрошија многу емоции на еден таков меч од минус седум да се дојде до плус два. Во второто полувреме имавме плус девет. Таков еден натпревар особено на Ф4 троши многу емоции и мораше да стават полнач за да ги наполнат батериите за денеска да ги имаа емоции и играа добро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести