Најдобриот македонски фудбалски клуб ФК Вардар се наоѓа во тешка финансиска ситуација.Иднината на клубот е се уште непозната.

Објавил: admin@magazin | 9 декември, 2018 18:06

Самсоненко се повлекува од Вардар. Дарко Панчев од Европска Македонија : “Ситуацијата не е добра”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сопственикот и главен спонзор на ФК Вардар Сергеј Самсоненко најави повлекување од клубот, во тој случај  најголемиот македонски фудбалски шампион ФК, Вардар се наоѓа во многу тешка ситуација.

Клубот Вардар се наоѓа во тешка финансиска криза,и сега ќе се соочи со нова трансформација кога се работи за сопственичката структура. За иднината на ФК Вардар уште не е познато што може да се случи и какви би биле последиците.

 Сергеј Самсоненко сака да се повлече од Вардар и за тоа го извести Град Скопје. Градските власти очекуваат да бидат подмирени сите долгови кои се настанати изминатиов период и Вардар да биде во онаква ситуација во каква што му го предадоа на Самсоненко во 2014. година.

Рускиот тајкун Сергеј Самсоненко најави повлекување од Фк Вардар„Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава“, пишува Самсоненко.Тој изјави дека сака да се повлече од ФК Вардар и за тоа го извести и град Скопје.

Дарко Панчев, легендата на македонскиот фудбал се уште е официјален спортски директор во клубот,тој изјави дека работите наскоро ќе се променат и стабилизацијата на клубот откако ќе се врати клубот во сопственост на град Скопје.

„Се случуваат некои работи кои веројатно не се добри ни за клубот, бидејќи никогаш тие промени и тоа исчекување не носат ништо добро. Но, што да се прави, ние сме тука, и Илија Најдоски и јас, подготвени сме за соработка. Секако, доколку новите луѓе од Градот кои ќе дојдат сметаат дека Илија и јас со нашето искуство можеме да му помогнеме на клубот, секако дека ќе седнеме и ќе се договориме“, изјави Панчев во интервју за српски „Вечерње Новости“.

ФК Вардар е македонски фудбалски клуб од Скопје кој моментално игра во Првата македонска фудбалска лига. Клубот игра на Филип II Aрената во Скопје со моментален капацитет од 33.460. ФК Вардар е најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб, со освоени 10 национални првенства и 5 национални купови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...