Леденикот всушност е лебдечко продолжение на голем број глечери што излегуваат од земјата во морето. Научниците знаеле дека овој настан доаѓа.

Објавил: admin@magazin | 1 октомври, 2019 10:09

Санта мраз тешка 315 милијарди тони се откина од Антарктикот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големата ледена површина што се одвои од Антарктикот, зафаќа површина од 1 636 километри квадратни.

Како што јавуваат светските медиуми, сега научниците имаат голема задача да го следат движењето на леденикот, што може да претставува опасност во океанските води. Амери е третиот по големина леденик на Антарктикот и е клучен дренажен канал за истокот на континентот.

Огромната ледена површина што се откина од Антарктикот зафаќа површина од 1 636 километри квадратни.

Леденикот е лебдечко продолжение на голем број глечери што излегуваат од земјата во морето. Научниците знаеле дека овој настан доаѓа. 

Антарктик е континент кој го опкружува Земјиниот Јужен пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот северен пол на спротивната страна на планетата.

Антарктик е најладното место на земјата.

Температурите се движат од -85 и -90 степени Целзиусови во зима и околу 30 степени повисоко во лето. Климатски бранови ретко пробиваат во внатрешноста на континентот, па центарот е ладен и сув. Има малку врнежи во текот на годината, но мразот може да се задржи поголем период. Скоро целиот континент е покриен со мраз, кој е во просек 2,5 километри длабок.
На крајот на континентот дуваат јаки катабатички ветрови. Во внатрешноста пак, ветровите се поблаги.
Во зависност од висината, настануваат долги периоди на постојана темнина или постојана сончева светлина, односно климата на која се навикнати луѓето не се појавува на овој континент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.