"Спијачот" на Димовски, советник на Димитров, Сарафов, бил во претседателството на ОМ на Бошковси, обезбедувач на Груевски но и "кариерист" дипломат кој ја претепал амбасадорката во Хаг

Објавил: Мартин Попоски | 2 декември, 2018 13:00

Сарафов натепал амбасадорка во Хаг, а го наместил и Бошковски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По објавата на фотографиите како советникот на министерот за надворешни работи, Владимир Сарафов во два наврати длабоко спие на работното место, со боси нозе на масата, се потрудивме да дознаеме која е неговата историја.

Имено Сарафов е актуеелен советник во кабинетот на Димитров задолжен за секторот национални приоритети, дијаспора и малцински прашња. 

Странките кои се обиделе да остварат средби со Сарафов два пати успеале и да го фотограгираат како тешко “го одработува” дипломатскиот леб.

Конфузно е како Сарафов стигнал на толку висока функција во МНР како кадар на Виктор Димовски, особено ако се знае дека бил дел од процесот на Мијалков, апсење на Љубе Бошковски кој сега е советник во кабинетот на Заев.

Имено за Сарафов кој важи за човек близок на државниот секретар при МНР, Виктор Димовски, кој од полицаец преку безбедњак стана дипломат, за прв пат се дозна по апсењето на брат Љубе (Љубе Бошковски) актуелен специјален советник за странски инвестиции во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Имено Владимир Сарафов, е човекот кој му се јави на Љубе на телефон и го повика на средба во ресторанот „Воденица“ на денот кога е приведен.

Тоа е истиот Владимир Саравоф, член на претседателството на Обединет за Македонија, вработен на висока позиција во МНР. 

Владимир Сарафов може да го видиме и од престојот на премиерот никола Груевски во Калифорнија – САД, каде го обезбедува фирмата “Блек Вотер“, која е инволвирана и во настанот во Дива Населба во Куманово, пренесе Народен глас во јуни 2016 година.

Виктор Димовски важи за лојален член на СДСМ. Не почитува лик туку партиска идеологија поради која од полициски службеник во Битола стигнал до функцијата државен секретар во МНР.

Сарафов во МНР имал и физички пресметки со колеги. 

Имено Владимир Сарафов и човекот кој пред околу 12 години физички нападнал свој колега во Виена во ОБСЕ (изгледа се работи за дипломатот Тавчиовски), при што му нанел телесни повреди кои морале да бидат амбулатно санирани.

Истиот Сарафов, се збори дека во 2008-ма година имал физички пресметки со тогашната амбасадарока на Македонија во Хаг, Добринка Тасковска, по што бил вратен од мандат. Дополнителни два инциденти имал во самото МНР, еднаш со закани кон колешка, кои биле пријавени во полиција, а следниот пат со физички напад кон колега на кој му нанел телесни повреди, за кои исто бил пријавен во МВР. Но, очигледно е дека на ваквиот неработник и насилник, некој му е заштитник, а се шпекулира дека тое е државниот секретар Виктор Димовски. По се изгледа дека раководството на МНР го (зло)употребува Сарафов, за создавање на конфликти по нарачка и за тормозење на некои од неподобните колешки или колеги.

Министерот Димитров копмплетниот свој мандат се соочува со низа скандали, дел ги предизвикува самиот а дел се од распад системот поради партиските вработувања во МНР, при што сеуште нема одговор дали Сарафов добил суспензија или кревет.

За возврат, се збори дека Виктор Димовски му ветил на Сарафов дека ќе биде испратен на мандат во Австрија, каде исто така учествувал во физички пресметки во минатото, доколку успее да испровоцира некои “идеолошки неподобни“ вработени во МНР.

Но, она што денес е различно од порано, е што Сарафов за прв пат сега е официјален член од кабинетот на министерот, заедно со другите 16 свои колеги. Зачудува фактот што министерот Димитров одбрал ваков насилник во својот кабинет, но исто така и молкот од МНР за недисциплината на овој дипломат кој е директно потчинет на шефот на македонската дипломатија. Ваквите вработени во дипломатијата, но и немањето на реакција од министерот Димитров, само создаваат дополнителни стереотипи во однос на капацитетот на МНР и на сите чесни и трудољубиви дипломати кои вредно си ја заработуваат својата плата во оваа институција.

Во меѓувреме, иако се обидовме, сепак фотографии од Сарафов кога не спие, нема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести