По новинарската "истрага" новинарот Фуркан Салиу со сериозна констатација. Милошоски глуми дека е жртва. Ниту една баба не му се заканила.

Објавил: Мартин Попоски | 10 октомври, 2018 21:14

Сарказмот на Милошоски ја мобилизираше професионалната ТВ 21 во потрага по умрената баба!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По саркастичниот коментар на Милошоски, сериозно вознемирување,  денес на врата во Кичево и село Ижиште му тропнаа новинарски екипи да поразговараат со бабата “заканувач”.

По саркастичниот коментар на поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, претседател на Собраниската комисија за надворешни работи, Анотнијо Милошоски, врз твитот на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, сериозен пристап на темата со “тешкa” анализа и истражувачко новинарство.

Низ Кичевко и кичевско, денес “хараа” ТВ екипи, камермани и новинари кои “под дрво и под камен” ја бараа бабата на Милошоски.

Имено се започна по апелот на Еврокомесарот Хан, пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои имаат закани, уцени и притисоци од партијата и раководството да се одважат и да пријават кај надлежните органи во Македонија но и во амбасадата на ЕУ во Скопје, која ќе се погрижи за нивната безбедност.

Милошоски твитот на Хан го искористи за саркастична реакција па му одговори:

Господине Хан, доколку го поддржувам неуспешниот референдум и анти-уставниот договор, баба ми ми се закани со овие зборови „Главата нема да можеш да ја најдеш на рамена“. Ве молам информирајте ме во која институција на ЕУ би требало да го пријавам ова заканувачко однесување и да побарам заштита од мојата баба. – напиша Милошоски.

По ова следеше бурна реакција од јавноста која одличен процент го разбра сарказмот на Милошоски но ТВ 21 отиде чекор понатаму и го надгради поимот “истражувачко новинарство”.

ТВ 21 објави цел прилог и ТВ репортажа како низ Кичево и кичевско цел ден ја барале бабата на Милошоски.

Пратеникот Антониjо Милошоски се пожали дека има закани од баба му, дека доколку гласа за Уставните измени, нема да може да си ја најде главата. Затоа дојдовме во Кичево, да провериме дали навистина е така.

Прво отидовме до куќата на неговите родители, но таму немаше никој. Соседите ни кажаа каде работи таткото му на пратеникот.

Отидовме и таму, но директорот не беше на работа.

Добивме упатство да побараме во селото Ижиште, каде што семејството почнало да гради нова куќа.

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, јавно му се пожали на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека баба му му се заканува доколку гласа за уставни промени, дојдовме и овде, во селото Ижиште, родното место на неговата баба,  за да видиме дали е вистинска заканата.

Но во разговорите со жителите, дознавме дека бабата на Антонио Милошоски е одамна почината. Од страната на татко му, нема ниту баба ниту дедо.

Соселаните на покојната баба на Милошоски ни рекоа дека можеби мислел на баба му, по мајка, која што живеела во Кичево, поради што моравме одново да се вратиме во градот, каде што го најдовме дуќанот на вујкото на пратеникот.

Ми треба мајката на Владо. Од кога е почината?  Одамна? Одамна е почината мајка му.

По новинарската “истрага” новинарот Фуркан Салиу со сериозна констатација. Милошоски глуми дека е жртва. Ниту една баба не му се заканила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.