По големиот притисок од САД и Турција, кралот на Саудиска Арабија издаде декрет, Јавното обвинителство од неговата земја да покрене постапка за исчезнатиот новинар

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 15:00

Саудискиот крал нареди истрага за исчезнатиот новинар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Неговата наредба уследи откако турксите власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул, каде на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата.

Според турската телевизија НТВ, која се повикува на дипломатски извори, турските власти денеска попладне ќе извршат претсрес во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во рамки на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар.

Кралот му нареди на Јавниот обвинител да отвори внатрешна истрага за предметот Kашоги врз основа на информациите од заедничката работна група во Истанбул. – изјави официјално лице, кое побарало анонимност.

Делегацијата на Саудиска Арабија пристигна во петокот во Турција. Анкара се согласи да се формира заедничка работна група со Саудиска Арабија, со цел да се утврдат околностите на исчезнувањето на новинарот.

Kашоги, новинар кој работеше за “Вашингтон пост” и беше критичар на Ријад, се води за исчезнат откако на 2 октомври влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе некои документи.

Турските власти стравуваат дека тој е убиен од рајната служба на Саудиска Арабија, додека Ријад негира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.