Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност!

Објавил: Владо Марин | 15 мај, 2020 8:32

Сахарска прашина и песок: Атмосферата ќе биде заматена а времето мачно и спарно

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и од северозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа и во следните денови ќе се задржи претежно стабилно, суво и многу топло време. Температурите на воздухот ќе бидат за околу десет степени повисоки од нормалните и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и малку над 35 степени.

Во недела и на почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи.

НАПОМЕНА: До крајот на неделава ќе продолжи транспортот на Сахарска прашина и песок, па затоа и атмосферата ќе биде заматена а времето мачно и спарно.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...