Се гледав само со бизнис партнери, но плаќав голема цена и за тие средби, со денови таа ме малтретираше и нервираше

Објавил: Македонка Димкин | 19 јануари, 2019 17:08

Саше Политико:Среќа што земала тап нож инaку ќе ме повредеше повеќе!

Фото/Текст извор: ©мактел.мк

Откако вчера протече информација дека новинарот и сопственик на порталот “Мактел”, Саше Ивановски „Политико„ е приведен во полиција поради семејно насилство, тој јавнсота ја информираше преку својот портал со фотографија од повредите со кои се здобил.

Имено, околу 11 часот пред полноќ на 16.01, Ивановски ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож, а три часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож.

» Се надевав дека нема случајот да излезе во јавност затоа што не сакав да и наштетам на мојата сега веќе екс сопруга.
Но за жал случајот некако излезе во јавност и ќе морам да ја кажам вистината.

За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата „екс сопруга„ поради нејзината за жал болна љубомора која беше без основа.

Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак.

Ваквите кавги траат веќе 5 години, но јас неколку пати ја напуштав и живеев во Кратово сам со месеци кај моите, но пак се враќав во бракот со надеж дека таа ќе престане со паранојата и ќе престанат кавгите.


Но пак се случи нова кавга, 1000-та по ред и пак решив да си одам, но овој пат таа ја заклучи вратата и ми ги зема ташничките со новчаникот и клучевите.

Саше Ивановски и неговата сопруга беа верни учесници во шарената револуција

Јас во тој момент се јавив на полиција за да ми помогне да го напуштам домот затоа што не сакав пак да бидам малтретиран цела ноќ со нејзините нервни испади.

Но таа кога виде дека вртам во полиција, зема нож и почна да пробува да се самоповредува па во еден момент реши и мене да ме боде и да ме сече, за што имама повреди на лицето и на ушите.
Целата среќа е што таа во брзината земала тап нож за леб наместо некој остар во врв, тогаш може и ќе ме повредеше многу повеќе и случајот ќе беше многу потрагичен.

Саше Политико, новинарот кој е познат во јавноста по неговите говори на омраза, со слика од наводната повреда на неговата сопруга

Тогаш решив да ја совладам и да ја чекам полицијата да дојде, додека траеше целиот напад од неа полицијата слушаше од другата страна, за среќа стигнаа за само 5 минути се погодила една патрола паш пред нашата зграда и немаше поголеми повреди кон никого освен моите гребаници и секако преплашеноста и траумата на нашиот син кои се надевам брзо ќе ги заборави.


За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано…

Тоа е тоа почитувана јавност, не сум јас насилник, не сум жено тепач, не сум никаков тепач, само сум жртва на една болна параноја на една несигурна млада жена. За нејзината параноја сведоци се и тие малку мои пријатели со кои морав да ја прекинам комуникацијата и да се изолирам со години, со години немав отидено на кафе некаде или на пиво, тоа беше мисловна именка за мене.


Се гледав само со бизнис партнери, но плаќав голема цена и за тие средби, со денови таа ме малтретираше и нервираше со нејзините паранои што сме збореле и кај сме седеле итн инт…
Иако се работеше за кратки средби од по 20 минути во канцеларии или ресторани во сред бел ден со луѓе кои се рекламираат на порталот или се политичари со кои требаше да направам кратко интервју.


Не смеев да одам ниту на пресови нити на јавни настани, затоа ме нема пред суд да ги бркам Груевци затоа и не можам да почнам со мојата емисија иако имаме студио и опрема, но не смеев да го направам тоа затоа што таа се плашеше дека јас ќе ја изневерам со некого во тоа студио. Фотографијата е позајмена од ФБ профилот на Ивановски

Инаку никого не му пожелувам да биде во врска со љубоморна личност. Јас изминативе години живеев практично во куќен притвор, не смеев никаде да одам без неа, па таа дури почна да оди по фирмите и да ги носи фактурите и документите од страв дека јас ќе имам нешто со некоја маркетинг менаџерка или слично?!

Затоа и стагнира порталот и стагнира мојата кариера поради нејзината болна љубомора, но сепак и тоа се трепеше само за доброто на нашето синче а и за нејзино добро, и помагав да студира и да полага испити, но не се трпеа кавгите кои траеа со часови и поради кои не можев да работам, да ве потсетам дека нашиот дом беше и моја канцеларија, а од мојата работа за висеше дали ќе можеме да си ги платиме сметките и да имаме што да јадеме.


Беше тоа еден хорор брак кој што заврши со хорор сцена како од хорор филм. Се надевам дека државата ќе има разбирање за целата ситуација и ќе ми дозволи да си го гледам синчето и ќе дозволи и јас да се грижам за него, тоа е најважно во целата приказна.
Марина заслужува помош, таа во моментов прави грешки, но верувам дека ќе застане на прав пат и дека ќе го преброди ова, секој прави грешки во животот, особено во лудите 20-ти кога сеуште не знаеме кој сме и што сме.


Би ги советувал сите кои се во Скопје а се по потекло од внатрешноста, и кои се во брак, имајте скриено некаде 500 до 1000е за да можете да се засолните некаде и да си купите храна и да може да изнајмите стан инаку ќе останете на улица и на ладното може и да загинете пишува понатаму Саше Политико.

Јас немав ништо на страна заштедено, па за среќа еден мој стар верен пријател ми помогна и ме прибра и ми помогна да најдам стан и да купам храна и облека иначе ќе беше многу лошо, страшни се разводите, страшни се брачните кавги и разделби, да не зборам за осудата, совеста дали можеше нешто да се спаси и поинаку да се направи, дали имаш сепак некаква вина за се итн итн… 

Линк до оригиналот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...