Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2019 15:23

Сашо Житошански припадник на МВР, поднесе отказ поради новото име на Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што напиша на неговиот Фејсбук профил, му смета новото име на Република Македонија.

Сашо Житошански припадник на Министерството за внатрешни работи си поднесе оставка од работното место, поради како што напиша на социјалните мрежи, му смета новото име на Република Македонија.

Тој напиша дека оваа вештачка „СЕВЕРНА„ е креирана држава од предавници и среброљубци. Тој порача дека партиите и личните интереси на политичарите им се побитни од Македонија. Тој од мал бил воспитувам да ја сака татковината и да ги почитува сите кои го дале животот за неа.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ВО ЦЕЛОСТ НЕГОВАТА ОБЈАВА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ:

„Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот.

Но НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот.

Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ.

Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ. , НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството.

Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи…

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава.

Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално…

Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн. Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни рамислувам.

Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од “Тунгузија”, но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе.

На крај сакам да се заблагодарам на некои од моите досегашни колеги, чест ми е што некои ги познавам, сум учел од нив, сме делеле леб и на – 20степени надвор сме им служеле на граѓаните и на Македонија, за другите сеедно…

Поздрав од Каизерслаутерн и се надевам дека ќе остани некој што ќе го изгасне светлото, но со ваков тек на настани, со ваков народ и со вакви политичари, жална судбина ја чека Македонија т.е. Македонија веќе не постои, Северна е.. Жалосно…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...