Мијалков е во куќен притвор и со полициска придружба беше донесен во судницата и со истата придружба ќе биде однесен во истражниот затвор во „Шутка“. Таму ќе биде однесен и Ибраими.

Објавил: Едмонд Бекири | 8 март, 2019 14:58

Сашо Мијалков три години затвор и веднаш во притвор во Шутка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На денешната судска седница донесени се следниве пресуди: Затворска казна од три години години доби поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков , лидерот на ДПА Мендух Тачи доби затворска казна од три години и два месеци, ексчленовите на ДИК Бедредин Ибраими 4 години и шест месеци , Анета Стефановска, три години , Влатко Сајковски, три години затворска казна и Сашо Срцев исто така три години затворска казна.

Судечкиот совет на Основен суд Скопје 1 го прифати барањето на СЈО за одредување на притвор за Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, осудени на затворски казни за „Титаник 2“.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на три години затвор и ова е прва пресуда од четирите активни обвиненија за Мијалков. Тој е обвинет во случаите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, а осомничен е во истрагата за „Империја“.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедредин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат. Дополнително адвокатите од одбраната имаа забелешки и на веродостојноста на аудио доказите, за кои како што посочија, биле незаконски стекнати. Посочија и дека обвинението е поднесено од неовластено тужителство, односно е по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО.

Поранешниот член на ДИК од ДПА, доби  4 годиини и 6 месеци.

Мијалков е во куќен притвор и со полициска придружба беше донесен во судницата и со истата придружба ќе биде однесен во истражниот затвор во „Шутка“. Таму ќе биде однесен и Ибраими.

За останатите осудени се одредени мерки на претпазливост.

Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

Јавната обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови, побара осудителни пресуди за сите обвинети во случајот.

Случајот почна во април минатата година, а претставник на државното правобранителство на едно од рочиштата преднајави отштетно побарување во висина од 197.574 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...