Ќе намалувате плати, ќе рикаат помали бизнизи, ќе отпуштате куп луѓе и од администрација, тоа ќе го бара ЕУ, ќе воведувате и други мерки на штедење…

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 мај, 2020 23:12

САШО ТАСЕВСКИ ДО СДСМ: Сега дека сакате избори, па божем заразата намалува?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил објави статус посветен на владејачката партија СДСМ велејќи дека бараат брзи избори затоа што од септември ќе почнат да пукаат шавови.

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти. Во 2002 година, добитник е на националната театарска награда за најдобра актерско остварување на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на ЦИБРА во претставата ТЕТОВИРАНИ ДУШИ. Во 2004 година магистрира театролошки науки на ФДУ, одбранувајќи ја тезата „Театар во празното“.
По негово сценарио, во 2008 година е снимена куклената тв-серија за возрасни ВРЕМЕТО ДЕНЕС во режија на познатиот бугарски режисер Боњо Лунгов. Серијата се емитуваше во 46 епизоди.
Во 2010 година во Драмски театар е праизведбата на неговата драма ИНТЕРМЕЦО[2].
Остварува улоги во неколку македонски серии како: Салон Хармони, Сакам да бидам кошаркар, Еурека, Тврдокорни и Преспав, но и во неколку тв-филмови и драми: Дичо Зографот, Девет пораки и други.
Пишувал сценарија за стрипот во неделникот Фокус и колумни за истиот весник, но и за други весници и интернет портали.
Какво намалување на кризата, кого мувате. Од почеток вие палите и гасите. Сега дека сакате избори, па божем заразата намалува.
Сакате брзи избори токму зашто вам ви е страв, оти знаете, во септември ќе почне да пука по шавови се наоколу. Ќе намалувате плати, ќе рикаат помали бизнизи, ќе отпуштате куп луѓе и од администрација, тоа ќе го бара ЕУ, ќе воведувате и други мерки на штедење… ЕУ ќе го бара и тоа се погласно од вас. Затоа ви се брза, нема врска со мерките, кривата и правата.

Си знаете, додава, септември ќе излезе народ на улици.

За тој втор бран пеете цело време. Затоа гледате на две на три, да ги одржите изборите во јуни. Иако пак ќе ги молите оние од Калето за мандат во судиско време, па и по мечот. Со цела помош што ќе ја добиете од надвор, изборите ќе ви бидат кошмар. Ќе се измачите, стварно ви велам, порача Тасевски.

Тасевски во 2017 година е назначен за директор на Драмски театар – Скопје, а исто така беше и активист на таканречената Шарена Револуција.

Тасевски многу пати ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ, но откако постана директор не го правеше истото и со сегашната власт на СДСМ. 
Токму ова беше и причината што тој од среде емисија ВО ЦЕНТАР кај Васко Ефтов ја напушти емсијата кога Васко Ефтов му ги предочи токму тие двојни стандарди!

Тасевски во  во 2013 Тасевски на својот Фесјбук:

Дезертерот од АРМ во 2001 година, кој потоа стана учка и пукаше во припадниците на АРМ, сега ќе биде минситер за одбраната во најпатриотската од сите македонски валди„ Каква иронија пипува понатаму Тасевски во 2013 година. Портокаловата телад направијиа министер од Талат!

Ова беше неговито статус од 2013 година, така тој пишуваше за тогашиот министер Талат Џафери, но кога Талат Џафери овој пат од СДСМ неуставно беше изгласан  за претседател на Собранието на Република Македонија, Тасевски не се произнесе на неговииот фејсбук, молчеше, од интерес?

Поради неговата пристрастност кон СДСМ јавноста се сомневаше дека на Тасевски му  ветила функција упте порано поради што молчел. Дека е така покажуваат и последните фејсбук изјави на поранешниот директор, сега тој редовно ја критикува СДСМ

Одтука се псотавува прашањето колку се искрени и добронамерни неговите критика кон власта? 

Дали тој се одмаздува за изгубеното или пак има грижа на совест од неговото соучество во истата?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...