Истрагата за случајот „Рекет“ е во тек, се уште се чека мобилниот телефон на Боки 13 да биде извештачен.

Објавил: Весна Петровска | 9 август, 2019 19:15

Сашо Тасевски за „Рекет“: Вилма и Ката не уживаат на плажа – купуваат време за да направат пуч на „Рекет“

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

По објавените видеа од страна италјанскиот весник „ла Верита“ македонската јавност е згрозена од случајот „Рекет“.

Бурни реакции од сите страни, политичари, новинари, професори апелираат штоп побрзо да се спорведе истрагата за оваа голема афера.

Исто така професорот Калајџиев вчера за Канал 5 изјави дека срамно е што шефицата на организираниот криминал е на годишен одмор. За професорот е бурка и срамота што Вилма Рускоска среде афера е на одмор и со тоа се губи надежта за правна држава. Исто така за него е несфатливо што Катица Јанева ужива на грчките плажи додека секојдневно нејзиното име се посочува токму во случајот „Рекет“.

на оваа тема и актерот и Сашо Тасевски напиша интересен статус на својот Фесјбук профил.

– Не уживаат на плажа Вилма и Ката. Работат под полна пареа за забошотување на истрагата за Рекет. Примаат сугестии, наредби, предлози… Висат на телефон по 15 саати. Не уживаат. Се купува време. Се купуваат играчи. Се спрема пуч на Рекет. Сите се во екипата што работи на тоа, судство, ОЈО, странци, власта, опозиција. Рекет мора да закочи на двајцана во Шутка. Не смее да оди понатаму, напиша Тасевски.

Истрагата за случајот „Рекет“ е во тек, се уште се чека мобилниот телефон на Боки 13 да биде извештачен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.