Тасевски напиша дека доколку Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари дека ќе мора и химната да ја смениме.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јуни, 2019 12:48

Сашо Тасевски удри по власта: Дали сфаќате колку сте имбецилни?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски актер и поранешен в.д. директор на Драмски театар Сашо Тасевски, удри по власта. Тој на својот Фејсбук профил по објавувањето на веста дека македонските револуционери се бугари, односно по повод неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествување на Гоце Делчев на датумот 7 октомври, даде јасен став и го искажа своето мислење. 

Актерот Сашо Тасевски со статус до власта

Тасевски напиша дека доколку Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари дека ќе мора и химната да ја смениме.

Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе мора да ги преименувате сите топоними и имиња на школи, булевари, универзитети, кои ги носат нивните имиња. А бе химната ќе мора да ја смените. Нема веќе оној стих Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев… Ќе мора да го пееме со тралала… Делчево нема да може да се вика така, ако му остане името ќе биде бугарски град. На населбата Даме Груев, ќе мора да и го вратите старото име Гологузица. Сите споменици со овие дејци ќе мора да ги отстраните, зашто нема да бидат наши. Ако не ги смените имињата, ако останат исти, а тие важни личности ги попишете како Бугари, ќе потпишете и дека Македонија е бугарска покраина. Дали сфаќате колку сте имбецилни?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести