Автомобилот се движел од Драчево кон центарот на Скопје, а несреќата се случи 20 минути пред полноќ.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 7:21

Сведоци за несреќата кај Драчево: Вработените од Бензиските ги вадеа загинатите патници!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Јованче Лазаревски од Драчево е возачот кој вчера го управувал автомобилот, кој според Обвинителството, вегол во спротивна лента и удрил во камион на Комунална хигиена.

Откако се слушнал силниот удар, први на помош стигнале вработените во околните бензиски пумпи.

Сликата на несреќата била прелоша, а автомобилот бил потполно смачкан. Вработените велат дека максимално се труделе да им помогнат на повредените, но и дека било тешко да се извадат од автомобилот, бидејќи автомобил немало, туку само остатоците од лимот. Прво што слушале била силна врева.

Како што велат сведоци на несреќата, направиле се што можеле. Автомобилот се движел од Драчево кон центарот на Скопје, а несреќата се случи 20 минути пред полноќ. Во сообраќајката возачот Ј.П. и сопатниците во реното, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото.

На социјалните мрежи вчера беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка а неговите пријатели се простуваат од него. Тие објавија фотографија од човекот кој го возеше реното и изгуби контрола и удри во камион. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски, кои за жал сите им подлегнаа на повредите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...