Во разговор за Инфомакс таа посочи дека познава човек асимтоматски пациент кој што направил  тест на своја рака, на 16 ден откако бил дијагностициран, тој бил се уште позитивен, а епидемиологот го искарал посочувајќи му дека не го земаат во предвид тој тест на своја рака што го правиш.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 септември, 2020 15:18

СВЕДОШТВО НА ЕДНА СКОПЈАНКА: Излегуваат од изолација уште пoзитивни на коронавирус, а мораат да се појават на работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Револтирана скопјанка до редакцијата на Инфомакс  го изрази своето незадоволство од македонското здравство и тоа како се справува со коронавирусот.

Имено според новиот алгоритам, асимтоматските случаи на коронавирус се прептоставува дека заразата не може да ја шират по 10 дневниот карантин, а од нив веќе 11-тиот ден се очекува да се појават на работното место.  Скопјанката имала личен случај на близок заразен од новиот коронавирус, кој за среќа немал никакви симптоми, но совеста го натерала да се тестира пред да тргне на работа, по крајот на 10 дневното боледување. За жал неговиот тест бил се уште позитивен и токму во оваа насока таа бара докази од властите за тоа дека асимтоматските случаи не ја пренесуваат заразата.

-Со новиот алгоритам на Венко Филипче, асимтоматичните случаи на Ковид 19 по 10-тиот ден не се сметаат за заразни, а веќе 11-тиот ден мора да се појават на работа. Имаме многу случаи луѓе кои на своја иницијатива прават тестови за коронавирусот по 10-тиот ден и нивниот тест е повторно позитивен, вели таа.

Во разговор за Инфомакс таа посочи дека познава човек асимтоматски пациент кој што направил  тест на своја рака, на 16 ден откако бил дијагностициран, тој бил се уште позитивен, а епидемиологот го искарал посочувајќи му дека не го земаат во предвид тој тест на своја рака што го правиш.

-Шyо прави Владата, не сака да не затвори бидејќи знае дека ќе се случи истото како во Србија. Сакаат да биде голема бројката за да мораат да не затворат или нека  отворат се и да ни кажат господ нека ни е на помош, запраша таа за крај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести