нализа околу ова следува овие денови.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Објавил: admin@magazin | 12 септември, 2022 12:44

СВЕЖИ УТРА, ПА ПОВТОРНО НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО ВРЕМЕ – НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денес, па се до петок следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Денес и тоа особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро овие денови ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу, па и под 10 степени, додека во Беровскиот регион истите се очекува да се спуштат дури и под 5 степени.

Максималните пак и тоа од среда, а особено од четврток до сабота ќе бидат ВИСОКИ и натпросекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури и над 35 степени.

Промена на времето, врнежи и позначително заладување ќе има за време на викендот, односно од недела. Детална анализа околу ова следува овие денови.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека до сабота истите ќе бележат тенденција на секојдневен пораст.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...