Кучето-помошник Лео е истренирано и научено да му помага на својот неподвижен сопственик Овен.

Објавил: Весна Петровска | 27 јуни, 2019 21:54

СВЕТОТ ВООДУШЕВЕН: Ова куче секој ден му го разубавува животот на својот сопственик

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Видео кое го воодушеви целиот свет. Ова видео докажа дека кучето е најверниот пријател на човекот. На ова видео се гледа како куче турка количка на својот неподвижен сопственик.

Авторот на видеото е направено од случаен турист во Мексико.

Кучето-помошник Лео е истренирано и научено да му помага на својот неподвижен сопственик Овен.

Овен му кажал на туристот дека Лео е трениран од страна на неговиот вујко и дека тој без него да си го замисли животот. Лицата со разни инвалидитети и потешкотии живеат многу полесно со помош на кучињата за тераписки цели бидејќи тие им пружаат помош со стекнување на одредени вештини.

Тренираните кучиња им помагаат на луѓето кои се неподвижни и во инвалидски колички и наместо нив го вклучуваат или исклучуваат светлото, им носат работи и ги отвораат или затвораат вратите.

Во светот е сè почеста и популарната обука за кучињата кои можат да бидат кучиња-асистенти (како што е кучето во видеото), кучиња-водичи, кучиња за медицинска детекција и кучиња за терапија чие присуство позитивно влијае на расположението, здравјето и основните животни функции. Овие последните се наменети за групите деца или луѓе кои се сместени во разни институции бидејќи внесуваат ведрина во нивното секојдневие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.