Потоа, нејзе на сцената ѝ се придружија Boyz II Men и испеаја а капела верзија на песната „It's So Hard to Say Goodbye to Yesterday“.

Објавил: Весна Петровска | 27 јануари, 2020 15:12

„Светот изгуби херој“: Алиша Кис со емотивен говор и настап во чест на Коби Брајант на Греми

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Од вчера целиот свет е во шок по трагичната вест за смртта на најдобриот кошаркар на сите времиња Коби Брајант. Идол на сите генерации, и инспирација за сите малди спортисти.

Обожавателите ширум светот низ фотографии и утешни зборови се простија со легендата на кошарката.

Многу политичари, актери, пејачи се простија од Коби Брајнт, исто така емотивен говор имаше и славната пејачка Алиша Кис му оддаде почит на Коби во својот говор при отворањето на музичката церемонија.

-Еве сме тука, на најголемата музичка ноќ, славејќи ги најдобрите артисти. Но, да бидам искрена со вас, сите ние чувствуваме голема тага во моментов, бидејќи денес Лос Анџелес, Америка и целиот свет изгуби херој. И ние буквално стоиме тука, со скршени срца, во куќата која Коби Брајант ја изгради.“ Сега, Коби и неговата ќерка Џиана, и сите оние кои трагично загинаа, се во нашите души и срца, во нашите молитви и во оваа зграда. Никогаш, ни за милиони години, не замислувавме дека ќе го започнеме шоуто на ваков начин. Никогаш, никогаш, никогаш, никогаш. Па сакавме да направиме нешто кое барем малку ќе опише како се чувствуваме во моментов“ – вели Алиша во својот говор.

Потоа, нејзе на сцената ѝ се придружија Boyz II Men и испеаја а капела верзија на песната „It’s So Hard to Say Goodbye to Yesterday“.

Пред изведбата на својата верзија на „Someone You Loved“, Алиша повторно зборуваше за Коби.

Нè гледаш? Нè гледаш? Ние сме незапирливи. Ние ќе бидеме тоа што сакаме да бидеме, ќе бидеме различни, ќе бидеме уникатни, ќе бидеме сè. Во овој момент. Па, со нетрпение очекувам да биде тука заедно со сите нас, повторно. Славејќи ја музиката, затоа што знам колку многу Коби ја сакаше музиката. Знам колку ја сакаше музиката. Затоа, оваа прослава треба да ја направиме во негова чест. Знаете? Тој би сакал да ги задржиме вибрациите високо. Музиката е еден јазик кој сте можеме да го зборуваме, без разлика од каде сме. Сите го разбираме“ – рече Кис

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.