Трамп и Ким се обврзаа да работат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Објавил: Македонка Димкин | 12 јуни, 2018 10:42

Светот може конечно да здивне

Фото/Текст извор: ©магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на крајот на историскиот самит потпишаа заеднички документ, во кој се обврзаа да работат на „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.

Белата куќа се уште официјално не го објави текстот на документот, но новинарите го фотографираа на церемонијата на потпишување.

Во документот се наведува дека двајцата лидери ќе вложат напори за „изградба на траен и стабилен мировен режим“ на Корејскиот Полуостров.

Во документот има четири широко дефинирани обврски, кои накусо се однесуваат на:

1  САД – Демократска Народна Република Кореја се обврзуваат да изградат нови односи согласно желбата на народите на тие две земји за мир и просперитет.

2. САД и Северна Кореја ќе ги усогласат своите напори за градење траен и стабилен мировен режим на Корејскиот Полуостров.

3. Согласно Декларацијата од 27 април 2018 година од Панмунџом, Северна Кореја се обврзува да работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

4. САД и Северна Кореја се обврзуваат да работат на враќање на  посмртни остатоци од воени заробеници и исчезанти во воени акции.

По потпишувањето на документот, Трамп рече дека процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров ќе почне „многу, многу бргу“.

По потпишувањето, Трамп рече дека станува збор за „сеопфатен“ и најави дека детали за него ќе соопшти на прес-конференцијата која треба набрзо да почне, која е најавена за 10 часот по централноевропско време.

Целта на историските разговори е пронаоѓање начин за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја: Американските медиуми потенцираат дека доколку Самитот успее, тоа ќе донесе трајна промена на безбедносното опкружување во североисточна Азија, како во случајот со посетата на поранешниот претседател на САД Ричард Никсон на Кина во 1972 година, која доведе до трансформација на Кина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.