Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 74. Генерално собрание на Обединетите Нации од 24 септември 2019 година е сведоштво за оваа вистина..

Објавил: Владо Марин | 27 октомври, 2020 6:08

СВЕТОТ НЕ ИМ ПРИПАЃА НА ГЛОБАЛИСТИТЕ ТУКУ НА ПАТРИОТИТЕ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А, универзални вредности на Македонската цивилизација се: мирот и љубовта наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка!

Гоцевата мисла “Светот како поле за културен натпревар меѓу народите” не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на една цела цивилизација – на Македонската!

Токму поради тоа што нашата држава, единствена во светот, се вика Македонија, а имајќи предвид дека сите на овие простори сме биле делови на исти империи и делиме исто културно-историско наследство, и знаејќи дека Републиката Македонија не ја супституира целата историја на Империјата Македонија, макар и еднострано, ние Македонците, велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

Оттука и историскиот феномен на врховизмот не како етничко, туку како геополитичко прашање: Врховизмот е сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт со Македонија бара во некоја друга и туѓа метропола за нејзини интереси и сфери на влијание на овие простори.

Светот не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите, нив глобалистите ги нарекуваат националисти за да го уништат светот на нациите и границите заради колонизација, експлоатација и монополизација. Народите и државите во светот се жртви на корпоративниот глобализам. Тоа зло мора да го искорениме!

Европскиот центризам и американскиот унилатерализам се трајно минато свршено време. Светот ниту започнува, ниту историјата завршува во Брисел и Стразбур. Меѓуанродната заедница се развива мултиполарно и Македонија мора да се прилагоди на новата геополитичка карта во светот. Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи на суверените држави!

Никој и никогаш не смее да заборави, дека Македонскиот народ, македонските државјани во апсолутно мнозинство од речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, на референдумот од 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

Никој и никогаш не смее да заборави, дека речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, на референдумот од 30 септември 2018 година НЕ гласаа за членство во Европската Унија и НАТО Алијансата, НЕ ја гласаа Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Шарлатанот Зоран Заев и неговата камарила, министрите и пратениците, како преседан во светската историја на народите и државите, извршија велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, со обидот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. За тоа, кога тогаш, мора да одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на нивните семејства дома и во светот!

Правото на самоопределување и самоидентификација е неотстапно и неотуѓиво веќе апсолвирано универзално право на Македонскиот народ со неговата Македонска држава, во која се почитува еднаквоста на сите пред Уставот и законите независно од нивното етничко потекло, верско уверување, политичка припадност, социјален статус и општествена положба!

И покрај се’ и после се’, и после Балканските Војни и Првата и Втората Светска Војна, после окупацијата врз Македонија и геноцидот ве Македонскиот народ, Ние, Македонците, предлагаме историско помирување со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност! Простуваме, но не забораваме, бараме извинување и репарации, било, никогаш да не се повтори.

Љубовта кон своите не значи омраза кон другите. Ако не сум со тебе не значи дека сум против тебе. Само тој што ги сака своите може да ги сака останатите. Тој што ги мрази своите, ги мрази сите!

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 74. Генерално собрание на Обединетите Нации од 24 септември 2019 година е сведоштво за оваа вистина..

Пишува Тодор ПЕТРОВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...