Светска банка во последниот извештај предвидува дека земјава годинава ќе ја заврши со пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година прогнозира раст од 3,6, односно 3,5 отсто.

Објавил: Владо Марин | 22 октомври, 2020 15:06

Светска банка: Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму, се вели во Редовниот извештај на Светска банка за економските изгледи на државата.

Светска банка во последниот извештај предвидува дека земјава годинава ќе ја заврши со пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година прогнозира раст од 3,6, односно 3,5 отсто.

„Ограничување на движењето, нарушените синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба, влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година“, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава на презентацијата на извештајот.

Светска банка оценува дека со рецесија се соочуваат и другите земји од регионот, па прави корекција на својата априлска проекција за годинешниот регионален раст од април, намалувајќи ја за 1,7 процентни поени на 4,8 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...