Во јуни 2000 година, Оливер стана заштитно лице на британскиот синџир на супермаркети Сеинсберис, со кои потпишал договор вреден 2 милиони долари годишно.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2019 17:19

Светскиот познат готвач Џејми Оливер прогласи БАНКРОТ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Познатиот готвач Џејми Оливер затвори 22 од 25 ресторани, при што 1.000 луѓе останаа без работа.

Светскиот познат готвач Џејми Оливер,  напиша на Твитер дека е потресен поради банкротирањето на „саканите ресторани во Обединетото Кралство“, и им се заблагодари на сите луѓе кои се вложиле целосно во овој бизнис, низ годините што поминаа.

Џејмс Тревор “Џејми” Оливер е англиски славен готвач и сопственик на ресторани, познат и по неговите телевизиски емисии за храна, како и по книгите за готвење, а од неодамна и по неговата кампања за подобра едукација за храната.

Оливер е роден и израснал во село во Клаверинг. Неговите родители имале ресторан, каде што тој вежбал готвење. Се школувал во училиштето Њупорт Фри Грамар. 

Неговото прво вработување било во италијански ресторан, каде стекнал искуство во подготвување на италијанска храна. Станал пријател со својот ментор Џенаро Конталдо, кого подоцна Џејми го вработил да го води неговиот италијански ресторан.

Оливер продолжил да работи во „Ривер кафе“, каде во 1997 година е забележан од BBC. Џејми Оливер се појавил во документарецот за ресторанот, „Божик во Ривер кафе“ („Christmas at the River Cafe”).

Во 1999 година, почнува да се прикажува неговото ТВ шоу Гола кујна (The Naked Chef), а неговата книга со рецепти танува бестселер во Обединето Кралство. Истата година, Оливер е поканет да подготви ручек за тогашниот премиер Тони Блер.

Оливер го напуштил школувањето на возраст од 16 години со освоени две квалификации, за уметност и геологија и заминал на дошколување во колеџот Вестминстер Кингсвеј.

Во јуни 2000 година, Оливер стана заштитно лице на британскиот синџир на супермаркети Сеинсберис, со кои потпишал договор вреден 2 милиони долари годишно.

Во јули 2011 година, по единаесет години, сиработката е прекината, а последната телевизиска реклама се појавила за Божик 2011 година.
По три снимени серии од Гола кујна (Гола кујна, Враќање на голата кујна и Среќни денови со голата кујна) за Би-Би-Си, Оливер продолжил да соработува со Канал 4, каде неговите први серии биле документарни, Кујната на Џејми (Jamie’s Kitchen) по што следувало отворање на 15 ресторани во Лондон. Ресторанот во Вестленд, Лондон, продолжил со обука на млади кои имаат лошо минато.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани