За новиот состав на ДИК гласа сите политички парти

Објавил: admin@magazin | 30 јули, 2018 10:24

Свечени изјави на новите членови на ДИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новозибраните членови на привремениот состав на Државната изборна комисија денеска ќе дадат свечени изјави во Собранието на Република Македонија.

Новиот состав на ДИК треба да го организира референдумот за името, што треба да се спроведе на есен.

За членовите на ДИК гласаат пратениците од сите политички партии, а седницата се одржа по деблокирањето на процесот на лидерската средба. Партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел – со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Изборот на новиот состав на ДИК, следеше како последица од постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии

Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Дитмире Шеху од ДУИ. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од БЕСА се членови на највисокото изборно тело во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.