Компанијата за која ни Вице не демантирал дека има удел од било каков вид, тендерите во РЕК Битола ги склучила во 4 очи за користење механизација која воопшто и не ја поседува

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 11:10

“СВ ИНВЕСТ” не поседува механизацијата за која доби тендери во РЕК Битола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Компанијата „СВ ИНВЕСТ“ која се поврзува со името на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.

Ова го покажуваат документите до кои стигна и Економски Лидер

„СВ ИНВЕСТ“ од РЕК Битола, на 4 октомври од извори од државната електрана добивме информации дека токму оваа компанија ќе ќари 18 милиони денари без тендер, во 4 очи.

Пишувања се потврдија на 16 ноември, кога бирото за јавни набавки официјално ја обзнани оваа зделка во 4 очи.

Новите сознанија, до кои стигнал порталот со анализа на договорите помеѓу „СВ ИНВЕСТ“ и РЕК Битола, потврдуваат дека компанијата која се поврзува со Вице Заев, всушност не ја поседува механизацијата за која ја добила јавната набавка.

Во исто време, работниците кои оперираат со оваа механизација – воопшто не се вработени во „СВ ИНВЕСТ“, туку работат во сосема трета компанија. Практично, без да поседува ништо, фирмата има чиста заработка.

Последните 18 милиони кои ги добива „СВ ИНВЕСТ“ (22 милиони со ДДВ), се за ангажирање на два типови на механизација „автодигалка од 13 до 25 тони на транспортни ленти од минимум 100 киловати – гасеничар“ и „Автодигалка од 13 до 25 тони“, за 1 час работа во РЕК, „СВ ИНВЕСТ“ , ќе заработи вкупно 8.740 денари (142 евра) за оваа механизација.

Вкупната дневна заработка за фирмата „на Вицето“ е 1.136 евра, со оглед на тоа што машините работат 8 часа. – стои во текстот на порталот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести