Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 ноември, 2019 10:48

„СДК“: Апелација ќе ја пријави Русковска за заканувачки СМС порака до судија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага, објавува САКАМДАКАЖАМ.МК .

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева обвинета во случајот „Рекет“ е пуштена во домашен притвор по одлука на Апелацискиот суд, а јавната обвинителка Вилма Рускоска која го води случајот најави покренување на финансиска истрага против судиите кои донеле ваква одлука.

-Официјално од судот не изјавуваат ништо во врска со смс пораката, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум. Нашите извори велат дека на колегиумот ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од смс пораката, која содржела и недолични зборови, пишува порталот.

Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести