Изборниот процес и изборните дејствија треба да продолжат онаму каде што застанаа за одржување на веќе закажаниот датум на 12 април.

Објавил: Владо Марин | 2 мај, 2020 19:47

СДСМ бара избори веднаш по стабилизирањето на епидемијата, ВМРО-ДПМНЕ против- најважно е здравјето на граѓаните!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека владејачката партија очекува парламентарните избори да се организираат веднаш по стабилизирањето на епидемијата со корона вирусот.

Toj вели дека штом се стабилизира епидемијата, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок, рече Љупчо Николовски.

Изборниот процес и изборните дејствија треба да продолжат онаму каде што застанаа за одржување на веќе закажаниот датум на 12 април.

– Демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните.
Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме – порача Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ воопшто во приоритетите ги нема изборите, изјави на прес конференција денеска, потпретседателот на партијата Александар Николовски. 

Луѓе секој ден за жал заболуваат од корона вирус, луѓе умираат, а тие да зборуваат за избори навистина ова е едно однесување кое што е надвор од секоја пристојност, рече Николовски.

Воопшто во моментов не размислуваме и не сме фокусирани на избори навистина во услови кога луѓе секој ден се заболуваат од коронавирус, во услови кога за жал луѓе губат битка со корона вирусот и во услови кога македонскиот народ е соочен со едно вакво национално понижување за бришење на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската историја, навистина мислам дека СДСМ се обидува да дефокусира со оваа тема за изборите. – додаде Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.