Инаку Груевски во својот статус напиша дека токму овој автопат не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 16:54

СДСМ возврати за статусот на Груевски: Единствениот пат по кој ќе одиш е оној до најблиската ќелија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешниот фејсбук статус на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски кој во моментов е во Унгарија, со соопштение реагираа од СДСМ.

Од СДСМ реагираа на Фејсбук статусот на Никола Груевски, кој ги нарече јога мајстори…

Имено Груевски на својот Фејсбук профил постави прашање за новиот автопат .

Да прашам, за тие што веќе го пробале…како е новиот автопат Скопје-Штип?

На ова СДСМ возврати со соопштение до јавноста.

Се јави криминалецот во бегство Никола Груевски кој го украде половина автопат Миладиновци – Штип, бидејќи додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт автопатот не беше завршен ниту 50 отсто. Единствениот успех на осудениот криминалец Груевски во инфраструктурата се милиониските провизии што ги договараа со неговата десна рака Миле Јанакиески.Заради криминалните интереси на фамилијата, заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ оставени беа бројни пропусти кои ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра.Со надминување на пропустите конечно се изгради автопатот Миладиновци – Штип, а автопатот на провизиите Кичево – Охрид, забрзано се гради.Криминалецот Груевски нека не се грижи за одржувањето на патиштата, единствениот пат по кој ќе оди кога ќе се врати е патот што води до најблиската казнено-поправна установа, каде го чека неговото столче во ќелија.

Инаку Груевски во својот статус напиша дека токму овој автопат не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО.

Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа”  завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават, напиша Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести