Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска по само еден протест на битолските превозници го реши проблемот, низ Битола ќе вози "отпадот" од ЈСП Скопје

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 13:33

СДСМ во Битола ги реши превозниците, ќе сообраќаат 50 годишни автобуси на ЈСП Скопје

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Автобуси стари повеќе од 50 години, добиени од страна на ЈСП Скопје, ќе се обраќаат на улиците во Општина Битола.

Овие автобуси инаку не исполнуваат никакви европски стандарди, тие се со ЕУРО 0 стандард, што претставува вистинска опасност за квалитетот на воздухот, кој и така на загрижувачко ниво во градот.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Битола и координатор на советничката група на партијата во Советот, Иванчо Тошевски, прашува дали градоначалничката Наташа Петровска ќе ги прати на училиште своите деца со овие возила со “високи” еколошки и безбедносни стандарди.

Општина Битола нема право да врши превоз на патници. Возилата се со ЕУРО 0 и не исполнуваат техничко експлотациони услови. Возилата се постари од 50 години и се небезбедни, а не истите да се користат за превоз на деца. –  констатира Тошевски.

Инаку, битолчани се негативно изненадени од оваа постапка и носењето на овие автобуси во градот, ако се знае дека проблемите со загаденоста таму се навистина големи.

Со овој потег Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска на улица ги остави приватните превозници кои вчера протестираа против воведувањето нов поефтин тарифник за нивните услуги. Останува прашањето кој ќе стопанисува со праисториските автобуси од ЈСП Скопје како Општина Битола нема надлежности во дејноста превоз и вршење услуги од градскиот и приградскиот сообраќај.

Кој ќе го земе тендерот за евентуалното ново јавно – приватно претпријатие?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.