Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе се слави, оттаму што сегашната разликата во гласовите укажува на извесна победа на градоначалничките избори.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2019 21:56

СДСМ доби нов градоначалник во Охрид- Константин Георгиески!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Според првите неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на град Охрид, укажуваат убедлива победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

Според досега преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Константин Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред против кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.

Во Oхрид во изборниот штаб веќе почна да се слави, бидејќи моменталната разлика укажува на извесна победа на градоначалничките избориво Охрид.

Музичари дојдоа пред седиштето на Бихаќка во Скопје, каде СДСМ слави победа на претседателските избори за нивниот кандидат Стево Пендаровски.
Од централниот штаб на СДСМ,  беше нарачан кетеринг, а веќе стигнаа и голем дел од партиските членови. Меѓу присутните во штабот е и сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. 
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција прогласи победа на Стево Пендаровски на претседателските избори, кои се одржаа денеска во Република Македонија
. Во тек е прес конференцијата на СДСМ и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.