Дали постои закана Битола да остане без вода за земјоделците во Пелагонија, ако фактите зборуваат, дека акумулацијата има околу 40 милиони метри кубни вода

Објавил: Македонка Димкин | 14 февруари, 2020 17:08

СДСМ купува гласови во Битола со вработување до завршувањето на изборите?

Фото/Текст извор: ©магазин

На локално ниво, граѓаните секојдневно се сведоци на неспособноста и лошото водење на институциите од СДСМ, а ситуацијата очајна и во ЈП Стрежево. Зошто во услови на конкуренција, од повеќе пријавени економски оператори директорот на ЈП Стрежево, последните две години сите ги елиминира, а електронската аукција ја резервира и фаворизира само еден економски оператор, а станува збор за највредниот тендер со вредност од 10 милиони денари.

И криминалното работење во ЈП Стрежево не завршува тука. Во ова ЈП се носи нова систематизација на работни места, без претходно да биде направена и одобрена функционална анализа. Јасно се поставува прашањето, дека ваквата постапка и прекршувањето на законите не е ништо друго туку само обид да се заштитат нивните партиски кадри пред поразот на 12 април.

Дали постои закана Битола да остане без вода за земјоделците во Пелагонија, ако фактите зборуваат, дека акумулацијата има околу 40 милиони метри кубни вода, како резултат повторно на лошото работење во претходната сезона? И овде не застанува волунтаризмот и упропастувањето на фирмата, без никакво стеснување и вистинска потреба се прави вулгарна партизација.

За успешното управување со ова ЈП од кадрите на СДСМ, се поставува и прашањето зошто Рибникот во своето петнаесетгодишно постоење последниве две години ги бележи најслабите резултати. Кои сертификати и законски норми ги исполнува ова ЈП за да им ги дели на граѓаните популарните крофни на Ниже Поле? Дали храната е безбедна или тоа е уште една импровизација на неспособната власт?

Дали постои закана Битола да остане без вода за земјоделците во Пелагонија, ако фактите зборуваат, дека акумулацијата има околу 40 милиони метри кубни вода, како резултат повторно на лошото работење во претходната сезона? И овде не застанува волунтаризмот и упропастувањето на фирмата, без никакво стеснување и вистинска потреба се прави вулгарна партизација.

Во ЈП Стрежево се вработени претседателите на месните организации на СДСМ во Црнеец , Лопатица и Жабени: Ѓунер Бавтировски, Томислав Настевски, Блерим Бесими и Васко Ќосевски син на претседателот во Ниже Поле. И овде не запираат, туку и во последните денови од нивното владеење ги поткупуваат и манипулираат своите партиски членови, нудејќи им договори за вработување до завршувањето на изборите.

Лицемерно и вистинско уценување, откако своите најблиски роднини ги згрижија на добро платени работни места, со договори за вработување на неопределено време.

За сите овие груби прекршувања на законите, јавно ги повикуваме надлежните институции-Јавно обвинителство, МВР, да проверат и да преземат соодветни мерки. Сигурно, ова не е она што го ветуваа пред Вас почитувани граѓани, дека сите ќе имаат еднакви шанси и дека ќе донесат живот за сите. Затоа неопходна е обнова, потребно е заедничко партнерство со сите кои сакаат да ја видат и донесат обновата на Битола, обновата на Македонија на 12 април. Ова го соопштил на  прес конференција Бојан Бојковски  од ОК ВМРО ДПМНЕ во Битола

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.