Откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на Министерството за земјоделство, по повисоки цени од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 мај, 2019 23:23

СДСМ: Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше земјоделците- ОЧАЈНИ СТЕ !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Толку е очајна ВМРО-ДПМНЕ, што се потпира исклучиво на лажни вести. Истовремено, официјалните податоци ги демантираат сите лаги на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое со години ги понижуваше земјоделците. Откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по повисоки цени од времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ во своето соопштение.

Во соопштението од СДСМ се вели дека оваа година оризопроизводителите ќе добијат значително поголеми субвенции. Од партијата изјавуваат дека сите барања на производителите на јаболка се прифатени а платежната агенција исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади, меѓу кои и за јаболка. СДСМ, преку Владата и пармалентарното мнозинство што ги предводи продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството, сигурен пласман, пристап до нови пазари и повеќе пари кај секој земјоделец.

Ви го пренесуваме во целост соопштението од СДСМ, упатено до ВМРО ДПМНЕ !

„Не е точно дека посочената личност била дел од делегацијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Чешка. Патувањето е приватно, на сопствен трошок, на саем на којшто учествуваат и други приватни компании од нашата земја. Не се точни ниту тврдењата за наводен проблем со водоснабдување на оризовите полиња.

Како што јавно објави Водостопанство подружница „Брегалница“,водата за наводнување на оризовите површини е пуштена на време и според утврдениот годишен план за наводнување. Толку е очајна ВМРО-ДПМНЕ, што се потпира исклучиво на лажни вести. Истовремено, официјалните податоци ги демантираат сите лаги на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое со години ги понижуваше земјоделците. Откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по повисоки цени од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкретно, крупниот бел ориз се откупувал по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 кога откупната цена била од 35 до 37 денари. Зголемување има и на откупната цена на оризовата арпа која за 2018-та достигнала од 20 -24 денари по килограм, а во реколтата 2017-та цената била од 14 до 18 денари по килограм. Интервентната мерка од 5 денари за килограм предадена оризова арпа којашто кон крајот на минатата година ја донесе Владата предводена од СДСМ, придонесе целото производство на ориз од реколтата 2018-та веќе да биде во целост откупено по повисока откупна цена во споредба со претходните реколти.

А оваа година оризопроизводителите ќе добијат значително поголеми субвенции. Со цел да се покријат загубите што ги имаа производителите на јаболка, се воведе интервентна мерка од 3 денари за предадено индустриско јаболко. Сите барања на производителите на јаболка се прифатени а Платежната агенција исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади, меѓу кои и за јаболка. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува дека не нуди ништо, нема никаква идеја, никаква мерка за граѓаните, освен да шири лажни вести, измислици и да конструира непостоечки случаи. СДСМ, преку Владата и пармалентарното мнозинство што ги предводи продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството, сигурен пласман, пристап до нови пазари и повеќе пари кај секој земјоделец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...