СДСМ официјално ги најави предвремените парламентарни избори

Објавил: Македонка Димкин | 17 октомври, 2018 13:40

СДСМ: Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, пратениците да ги следат државните интереси

Фото/Текст извор: ©сдсм / магазин.мк

Малцинската партија која по случај на околности дојде на власт, писмото составено од Џес Бејли (се мисли на неговиот фабрички тим од Кале) го толкува како цел демократски свет. Дали може еден асистент на помошникот Државен Секретар (значи помошник, помошник) да се толкува како цел еден свет. Ироничната порака ви ја пренесуваме во целост

„Отвореното писмо од помошник државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт депаретментот, Вес Мичел е последниот доказ дека целиот демократски свет, партнерите и сојузниците на нашата татковина, сакаат да ја видат Македонија како стабилна и безбедна држава, полноправна членка на ЕУ и НАТО. Само врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против интеграција и сакаат да ја вратат држава во темното минато на изолација и неизвесност“ велат од СДСМ.
Од владејачката партија со став дека „Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се разочарување! Но, сега секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ има шанса со поддршка на процесот во Собранието, на дело да покаже дека навистина е за членство во ЕУ и НАТО, дека навистина се за остварување на врвните стратешки државни и национални интереси“.
„Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжат со своето деструктивно однесување и по секоја цена ја блокираат иднината, тогаш следуваат предвремени парламентарни избори веднаш на кои граѓаните ќе одлучуваат за својата иднина“ – велат од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.