Додека Македонија слави за историскиот успех, за членството во НАТО со сочуван македонски идентитет, Мицкоски се грижи само за одбрана на криминалот

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2018 19:35

СДСМ: На Христијан Мицковски најважна му е судбината на Никола Груевски

Фото/Текст извор: ©мagazin.mk

Христијан Мицкоски денеска пропушти шанса да им се извини на граѓаните на Прилеп за сето она осиромашување на граѓаните, за сето понижување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, особено кон тутунарите, пишуваат во своето соопштение од СДСМ.

„Токму тутунарите најдобро ја гледаат разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско управување на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога просечната цена на килограм тутун изнесуваше помеѓу 180 и 190 денари, годинава беше постигната рекордна цена од 217,5 денари за килограм тутун, а субвенциите беа покачени на 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата. Додека Македонија слави за историскиот успех, за членството во НАТО со сочуван македонски идентитет, Мицкоски се грижи само за одбрана на криминалот. Судбината на Никола Груевски му е најважна на Христијан Мицковски, дури повеќе и од членството во НАТО. Единствено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се одважија да им честитаат на граѓаните, а нивна главна политичка мисија е барањето за амнестија на криминалите направени од врвот на нивната партија“ наведуваат во своето соопштение.  

Оттаму велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има за никого и секој што сторил каков било криминал ќе мора да одговора.

„Наместо да измислува разно разни оправдувања ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да го деблокираат формирањето на Државна изборна комисија. Тоа е предуслов за одржување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за својата иднина. Македонија оди напред без разлика на обидите за деструкција на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните нема да дозволат Мицкоски и деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Граѓаните велат ДА за влез во НАТО и почеток за преговори со ЕУ, граѓаните велат ДА за македонската иднина“ се вели во соопштението од СДСМ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.