Министерот Тевдовски се заложи за воведување на прогресивниот повисок данок на личен доход, иако целата стручна јавност е против оваа анти-реформа

Објавил: Данаил Михајловски | 24 декември, 2018 15:03

СДСМ не ги ферма стопанските комори!

Фото/Текст извор: ©магазин

Целата стопанска јавност е согласна дека воведениот рамен данок на личен доход е една од подобрите реформи што се случила и дека истата треба да остане. Но, Тевдовски и Заев, си тераат по свое. Денес во Собранието, пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа за воведување на повисокиот прогресивен данок, шта ќе значи 18% оданочување на оние кои имаат личен доход повисок од 90.000 денари. 

Покрај тоа, придонесите за пензиско осигурување ќе се зголемат од 18% на 18,4% во 2019 година и на 18,8% во 2020. Исто така, придонесот за здравствено осигурување ќе се зголемува постепено, од 7,3% на 7,4% во 2019 и 7,5% во 2020 година, со што автоматски ќе се зголемат трошоците за работна сила за работодавците. Сите четири стопански комори во Македонија, едногласно упатија критика до владата дека со воведувањето со повисокиот данок само ќе стимулираат даночна евазија, ќе предизвикаат кратење на платите на дел од успешните професии во информатиката, здравството, адвокатурата, банкарството, а дека со тоа ќе стимулираат и некои луѓе да си ја продолжат својата успешна кариера надвор од Македонија. Но власта остана глува на овие забелешки и тера тврдоглаво. За неа се поважни замислените 30 милионин евра кои дополнително би ги добиле од граѓаните во буџетот. 

Многу јасни се укажувањата на сите стопански комори во Македонија кои што на почетокот на септември упатија писмено барање за одложување за најмалку 5 години на зголемување на даноците во земјата укажувајќи на крајно штетните последици што тоа ќе ги предизвика за бизнис секторот. Но, Заев и Тевдовски само глумеа дебата и на крајот си го истуркаа законот за повисики даноци без да ги фермаат забелешките на стопанските комори.

Во Комората на информатичари “МАСИТ“ се категорични, оваа даночна несигурност најмногу ќе ги погоди “компјутерџиите“.  Велат дека наместо фискален ефект, ќе се добие ефектот на даночна непослушност и ќе биде главен двигател на сивата економија. МАСИТ смета дека ќе следи период на зголемување на даночното затајување – нискиот степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, ќе донесе до зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија. Директно поврзано, по овој основ на дополнителните средства кои ќе се инјектираат во буџетот, јазот меѓу богатите и сиромашните нема да се нивелира, туку ќе се продлабочи. Информатичарите предупредуваат дека овој данок ќе го зголеми одливот на мозоци и ќе го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори.

Само да потсетиме, СДСМ отстапи од ветеното враќање на 15 % од ДДВ на граѓаните доколку ги приложат фискалните сметки и оваа реформа или мерка е одложена најверојатно во недоглед. Наместо тоа како што е познато се зголеми акцизата на дизел горивата мерка што значително ги погоди по џебот и граѓаните и земјоделците и бизнис секторот со зголемување на трошокот од вкупно 3.5 денари во услови кога на Светските берзи расте цената на суровата нафта што се одразува на малопродажните цени на горивата. Заев И Тевдовски одлучија да се спротивстават на целокупната бизнис заедница во однос на противењето за воведување на прогресивен данок од 18% во Република Македонија.

На почетокот на септември стопанските комори упатија писмено барање за одложување за најмалку 5 години на зголемување на даноците во земјата укажувајќи на крајно штетните последици што тоа ќе ги предизвика за бизнис секторот. Не само што ќе биде погоден бизнис секторот односно претпријатијата во Република Македонија зголемувањето на данокот директно ќе се одрази на платите на вработените оние кои што ќе бидат погодени со оваа мерка од причина што во систем во кој се исплатува бруто плата работодавачите нема да бидат подготвени да ги зголемат платите за сметка на зголемениот данок и тоа значи намалување на платите на вработените. Но, Заев и Тевдовски, само глумеа дебата, климаа со главите на овие укажувања од стопанствениците, и на крајот пак си го истераа планот на штета на стопанството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...