Весковски од 2009 година е на функции во партијата, откако од 2009 е член на извршниот одбор на ОО Карпош.

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2019 19:25

СДСМ ОДЛУЧИ: Душко Весковски е нов организационен секретар на СДСМ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Скопје, Душко Весковски е избран за нов организационен секретар на СДСМ, одлучи Централниот одбор на партијата кој се одржува денеска во Охрид, дознава 24 Инфо.

Советникот на премиерот Заев за надворешна политика, професорот Дане Талевски е избран за нов секретар за меѓународна соработка. Мартин Попов, е именуван за директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.

Душко Весковски минатата година беше поставен за нов генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Како што информираа од претпријатието, на 2 мај 2018 година, беше објавен конкурс за избор на генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

По завршувањето на законскиот рок за поднесување на апликации за избор на генерален директор на претпријатието, градоначалникот Петре Шилегов за генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје го назначи Душко Весковски.

Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести