Жаклина Лазаревска е многу омилена меѓу охриѓани, сите комшии ја уважуваат, важи за јак интелект и политичар од висока класа!

Објавил: Данаил Михајловски | 13 март, 2020 11:52

СДСМ Охрид пресреќни, Жаклина останува пратеничка

Фото/Текст извор: ©магазин

Листата на СДСМ и БЕСА за пратеници во ИЕ5 претрпе многу измени, и пред и после Конгресот. Магазин дојде до листата и ја објавува. На листата има промени поволни за Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ од Охрид, но неповолни за Александра Цветкоска, пратеничката од Кичево. Преговорите не биле ни лесни ни едноставни, но на крајот победило искуството и интелектуалниот капацитет на Жаклина од Охрид, која била и советничка во општина Охрид, а била и неколку пати во Стразбург во Собранието на Советот на Европа, што и дава и меѓународен политички профил. Наспроти неа, младата Александра Цветкоска од Кичево, според Заев и Шеќеринска, не била доволно искусна и послабо одработила. Од ОО на СДСМ Кичево предложиле за кандидат на осмото место да биде барем претседателката Габриела Ристеска, чие семејство отсекогаш било за СДСМ и се прилично влијателни, но ни тој предлог не поминал. Пратеничката Жаклина вчера вечер ги собрала своите поблиски роднини и ги почестила со благо, среќна дека пак ќе биде во Собранието.

Ова е редоследот на листата за ИЕ5, каде носител е Радмила Шеќеринска од СДСМ:

  1. Радмила Шеќеринска, Скопје 

  2. Јован Митрески, Струга

  3. Бисера К. Стојчевска, Битола

  4. Лазе Лаки Таневски, Охрид

  5. Бети Рабаџиевска, Ресен

  6. Енес Ибрахим, (Партија за движење на турците, Чаир)

  7. Боби Мојсоски, (ЛДП, Кичево)

  8. Жаклина Лазареска, Охрид

  9. Горан Козаров, (директор на ЈКП Водовод) Битола

  10. Самка Ибраимовски (ПЦЕР, Тетово)

  11. Белиса Зеќири, Маврово Ростуше

  12. Марија Кочовска, Демир Хисар

  13. Мелинда Рашиди, (БЕСА, Струга)

  14. Оливера Чавкар, Крушево

  15. Тања Пројческа, Долнени

Горан Козаров (последен од лево на десно), заедно со градоначалничката Наташа Петровска, со која имаат добро разборање и блиска соработка. Кога во декември 2017-те беше назначен за директор на “Водовод“, Козаров на својот ФБ профил напиша: „Ветивме пред градоначалничката, а исто така и пред граѓаните на Битола дека ќе ја направиме Битола подобро место за живеење“. Битолчани ногу му се израдваја.

Кај симпатизерите од СДСМ има коментари дека не било фер што им се дале две пратенички места на коалиционите мали партии ПДТ (6-то место, со кандидат од Чаир) и ЛДП (7-мо, кандидат од Кичево). Но, и кај коалиционите пертнери има одредени замерки, особено кај пратеникот Рубин Земон, кој добил ветување од Заев дека повторно ќе биде пратеник, како и кај Фијат Цаноски, кој исто така имал ветување за добитно место, имајќи го во предвид неговото влијание во Лабуништа, Октиси, Жировница и Струга.

Во ОО на СДСМ Битола имало јака еуфорија за кандидатот Горан Козаров, кој е директор на ЈКП Водовод, но и десна рака на градоначалничката Наташа Петровска. Директорот Козаров важел за многу поспособен кандидат од Соња Карапец и Емилија Костурски, за кои се проценило дека уживаат помала доверба кај нивните сограѓани од Битола, споредено со Козаров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.