Претседателот на ОО СДСМ – Штип, Александар Канагалов, рече дека аналитичкиот центар на СДСМ ќе ги чека резултатите, по што ќе се знае дали во првиот круг е избран градоначалник или ќе има втор круг на 27 декември.

Објавил: Перо Милчин | 13 декември, 2020 20:30

СДСМ почна да слави во Штип, Сашко Николов е новиот градоначалник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ веќе слави победа на изборите за градоначалник на Штип.

На градскиот плоштад приврзаниците ја прославуваат победата во придружба на музика, а во партискиот штаб пристигна и кандидатот за градоначалник Сашко Николов, кој се очекува да има обраќање, пренесува 360!

Од општинската организација на СДСМ во Штип, пак, првично излегоа со процена дека изборите се успешни со тоа што на гласање излегле 14 500 граѓани односно повеќе од една третина од запишаните избирачи.

Претседателот на ОО СДСМ – Штип, Александар Канагалов, рече дека аналитичкиот центар на СДСМ ќе ги чека резултатите, по што ќе се знае дали во првиот круг е избран градоначалник или ќе има втор круг на 27 декември.

Изборите во Штип ги бојкотираше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај името на Сашко Николов од СДСМ, на гласачкото ливче се најдоа уште четири други кандидати: независниот кандидат, Трајче Митев; Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО; Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија, како и Симон Поликарп – Џими како кандидат на Интегра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.