ВМРО-ДПМНЕ, претходно го предложи Драган Ковачки за прв човек во МВР но СДСМ го одби предлогот со образложение дека прифаќањето на Ковачки би било кршење на Уставот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 17:45

СДСМ прифати: Наќе Чулев ќе биде технички министер за внатрешни работи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владејачката партија, СДСМ го прифати новиот предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на челона МВР како технички министерда застане Наќе Чулев , потврдија од партијата за “360 степени“.

Наќе Чулев во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.

Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети се условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно го предложи Драган Ковачки за прв човек во МВР но СДСМ го одби предлогот со образложение дека прифаќањето на Ковачки би било кршење на Уставот.

Наќе Чулев е професионалец од Агенција за разузнавање со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави. Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести