На втората пауза од денешното продолжение на лидерската се огласија Заев и Мицкоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 15:34

Заев прифати техничка влада – 2/3 мнозинство за ДИК и Закон за финансирање на партиите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На паузата претседателот на СДСМ Заев истакна дека беше потребно мудрост и нерви и дека пред Договорот со Грција Владата ги прифати условите за избор на Државната изборна комисија како и законските измени за техничка влада 100 дена пред избори за пратеници што значи и измени во Законот за Влада како што е договорено во Пржино.

Воедно предлог Измените на Законот за Изборен законик остануваат во мирување бидејќи постигнат е Договор Државната изборна комисија да се гласа по стариот систем со 2/3 мнозинство од парламентот како и Законот за финансирање на политичките партии.

Со тоа според Заев заврши една фаза од разговорите. Во продолжението ќе се разговара за датумот – карактерот и прашањето на Референдумот.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ – Христијан Мицкоски кратко повтори дека постигнат е Договор за овие три прашања и стави крај на шпекулациите дека од ВМРО – ДПМНЕ побарале на дневен ред да бидат и предлог измени во Законот за Кривичниот законик. Мицкоски посочи дека допрва ќе се разгледува прашањето и формата на Референдумот.

Денешното продолжение на лидерската беше надополнето со низа интерни и внатрепартиски информации и шпекулации па така можеше да се чуе дека СДСМ и ДУИ побараа поддршка од опозиционата ВМРО – ДПМНЕ за престојниот Референдум за кој сеуште сметаат дека треба да биде консултативен по однос на изјаснувањето на електоратот додека пак ВМРО – ДПМНЕ бара усвојување на Законот за финансирање на политичките партии – измени во Законот за Влада како и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.

Извори од лидерската средба реферираа дека партиската четворка воопшто не ја разгледала формулацијата и содржината на референдумското прашање при преговорите што и се потврди.

Од партиски извори на власта преговорите бавно се одвивале и поради различните ставови на Заев и Мицкоски. Премиерот неофицијално прифатил да има техничка влада 100 дена пред секои избори за пратеници но побарал ако има измени во Законот за Влада – Мицкоски да даде гаранции за поддршка за успешен Референдум.

Како е истакнато претставниците на ВМРО – ДПМНЕ побарале да се оди по ред со барањата а не да се поврзуваат едно со друго па инсистирале прво да се договорат измените во Законот за Влада па да се продолжат преговорите за Референдумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.