Ова доаѓа откако вчера Беса објави дека „Желино може да ја урне Владата“, откако Државната изборна комисија одлучи да има прегласување во Желино по приговори поднесени од ДУИ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 ноември, 2021 20:43

ГОТОВО Е: Мицкоски најави дека има ново парламентарно мнозинство

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство,“ напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својата страница на Фејсбук.

Тој објави и две фотографии, на кои се гледаат претставниците на партиите кои го сочинуваат мнозинството, меѓу кои е и Аријанит Хоџа од Беса, која досега беше дел од владината коалиција!

фото: Фејсбук-страница на Христијан Мицкоски

Ова доаѓа откако вчера Беса објави дека „Желино може да ја урне Владата“, откако Државната изборна комисија одлучи да има прегласување во Желино по приговори поднесени од ДУИ.

Според објавеното, дел од новото мнозинство покрај ВМРО-ДПМНЕ, би биле и Левица, АА, Алтернатива и БЕСА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.