Премиерот Заев ги усогласил ставовите со кабинетот на претседателот Иванов за политичката амнестија за немилите настани во Собранието со што е избегната нова политичка криза

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 11:41

СДСМ се усогласи со Иванов за амнестијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од извори од Влада на Македонија, но и кабинетот на Иванов, се дознава дека извесно е дека СДСМ и претседателот постигнале усогласеност за селективната амнестија за немилите настани од 27-ми Април во Собранието.

Имено претставник на премиерот Заев од владата и во име на СДСМ подолго време е во координација со кабинетот претседателот Иванов.

Темата е усогласување на ставовите за законот за амнестија.

Вчера конечно е постигната согласност, СДСМ ветила закон за широка амнестија, исто така СДСМ се согласила и претседателот Иванов пред Нова Година да даде целосно или делумно помилување на дел од правосилно осудените за немилите настани во Собранието минатата година.

Од владеачката партија ветиле дека нема да прават протести против Иванов, доколку и тој го искористи неговото уставно право за помилување. Уште една причина поради која собраниското мнозинство брза да го донесе законот за селективна амнестија, е токму за да може Иванов да даде помилување пред новогодишните празници, како што тоа традиционално го прават сите претседатели.

Од Кабинетот на Иванов ветиле дека под овие услови претседателот ќе го потпише Законот за селективна амнестија, за истиот да биде валидно објавен во Службен весник. Законот за селективна амнестија во најголем дел го работеле Никола Тодоров (поранешен министер за здравство) и Оливер Ристовски, заменик министер за правда и човек од доверба на Заев, иако формално како поднесувачи ќе го потпишат Елизабета Канческа, Фросина Ременски и Емилија Александрова.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ можно е да поднесат амандман за целосна неселективна амнестија, но и во случај да не помине тој амандман, нема да го попречуваат законот кој ќе им ги тргне од врат политички монтираните обвиненија на Игор Дурловски, Владо Јованоски, Богдан Илиевски и другите.

Прашање кое останува неодговорено е дали пратениците како Павле Богоевски и Ивана Туфекџиќ сега нема да протестираат за “правда и мир” и дали ќе палат фотографии од Иванов пред неговата канцеларија на “Рекорд“ во Скопје!?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести