Измени на кривичниот законик со кои ќе се продолжи рокот на застареност за кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба предлага пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски. Со ова, вели тој, ќе се намали можноста за застареност на кривичните постапки кои се водат против политичари, што било случај во изминатиот период.

Објавил: Весна Петровска | 9 јануари, 2020 16:52

СДСМ со нов предлог: Рокот на застарување на судски процес против политичар да се продолжи!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Измени на кривичниот законик со кои ќе се продолжи рокот на застареност за кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба предлага пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски. Со ова, вели тој, ќе се намали можноста за застареност на кривичните постапки кои се водат против политичари, што било случај во изминатиот период, објави Сител

Ги прозва опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на страната на владеењето на правото и правната држава, како клучни забелешки што државата ги дoбива од Брисел.

Измените се прифатливи за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која и самата подготвувала слично законско решение, но ги нуди на власта и своите предлози поврзани со забраната за амнестија на политичари. СДСМ пак, смета дека забраната за амнестија на политичари може да биде злоупотребена за нечие политичко елиминирање.

Законските измени во Кривичниот законик, и власта и опозицијата сметаат дека ќе може да се донесат до распуштањето на овој пратенички состав, односно до 12 февруари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.