Аналитичарот Зеколи ги проектираше трите фази низ кои СДСМ од Бихаќка со стари и познати УДБА-шки методи ќе се обидат да го сменат од претседател, Христијан Мицкоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 7:26

СДСМ со стари удбашки методи од Бихаќка сака да го руши Мицкоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи со жежок коментар за очајните обиди на СДСМ за рушење на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Според Зеколи, Мицкоски се обидуваат да го турнат со стари и добро познати методи на УДБА од Бихаќка.

Имено тој забележа дека првиот налет за рушење на Мицкоски бил преку обидот да се залепи етикетата анти-западен и тој обид според него веќе доживеа дебакл.

Сега следува вели Зеколи, проектирање на ривалство за претседателското место на партијата и фалење на претендентите за претседателската позиција по провладините медиуми.

За крај според Зеколи ќе следува серија на лажни скандали и обвинувања упатени кон Мицкоски.

Првиот налет за рушење на Мицкоски преку етикета анти-западен доживеа дебакл. Следува тактика на проектирање ривалство за тронот на партијата и нивно фалење од СДСМ медиуми. И таа осудена на пропаст. По неа следува пакирање фалш-скандали. Стара школа УДБе из Бихаќке. Прочитано. – пишува Зеколи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести