Според симулацијата на ДИК, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ ќе има 46 мандати, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16, Алијанса за Албанците 12, а Левица и ДПА по еден мандат.

Објавил: Владо Марин | 16 јули, 2020 4:39

СДСМ 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16, АА-ААА 12, а Левица и ДПА по 1 пратеник

Фото/Текст извор: ©Тв 21/Магазин.мк

Со пребројани резултати од 99% од избирачките места, симулацијата на Државната изборна комисија за распоредот на пратенички мандати по вчерашните парламентарни избори доживеа и мали промени. ДУИ, која во симулацијата со пребројани резултати од 95% од гласачките места имаше 16 пратеници, сега има 15 мандати а Левица доби еден пратеник, па сега има 2 мандати.

Според симулацијата на ДИК, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ ќе има 46 мандати, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16, Алијанса за Албанците  12, а Левица и ДПА по еден мандат.

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 3.369 од вкупно 3.480  гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 302.908 гласови или 35,79%, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 291.809 гласа или 34,48 отсто.

За ДУИ гласале 99.534 или 11,76 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 75.194 или 8,89, за Левица 34.282 или 4.05%, за ДПА 13.390 или 1,58 и за Интегра 11.335 или 1,34 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто

Резултатот на останатите партии останува ист.

Според последната симулација, за која се уште постојат мали шанси да се смени, распоредот на силите во новиот парламент би бил:

СДСМ – 46 пратеника

ВМРО-ДПМНЕ – 44 пратеника

ДУИ – 15 пратеника

АА/А – 12 пратеника

Левица – 2 пратеника

ДПА – 1 пратеник

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...