Неофицијално, „Алфите“ го уапсиле Кочан од приватна болница каде во последниве 15 дена беше третиран и поради што бараше одложување на издржување на казната.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2019 10:57

Сеад Кочан доцна синоќа приведен и однесен во „Идризово“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер беше уапсен и однесен во затворот Идризово Сеад Кочан. Како што соопштија за Фокус од МВР, Кочан е однесен на издржување на затворската казна.

По судска наредба МВР го спроведе С.К. во затворот Идризово, соопштија од МВР.

Доцна вечерва Кривичниот суд издаде налог, по што следуваше наредба до полицијата да го спроведе Кочан на издржување на казната.

Неофицијално, „Алфите“ го уапсиле Кочан од приватна болница каде во последниве 15 дена беше третиран и поради што бараше одложување на издржување на казната.

Скопскиот затвор ја потврди оваа информација за Телма, а таму е доведен директно од приватната болница каде по трет пат преку барање до судот се обиде да го одложи издржувањето на казната за случајот „Труст“ на СЈО.

Инаку Сеад Кочан е управител на компанијата „Трансмет“ кој минатата година беше осуден на 6 години затвор за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, односно дека со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра,

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.