Пејачката дојде од Хрватска за да го види своето дете кое има право да го гледа во вторник и четврток, но тоа не и успеа бидејќи Милан е во изолација со својот син заради коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2020 11:46

Северина несовесно шетала низ Белград, полицијата ја однесе во само-изолација а потоа следувала драма пред домот на Милан!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Агонијата меѓу Северина Којиќ и таткото на нејзиниот син Милан Поповиќ продолжува.

Пејачката дојде од Хрватска за да го види своето дете кое има право да го гледа во вторник и четврток, но тоа не и успеа бидејќи Милан е во изолација со својот син заради коронавирусот.

Северина се вратила од Швајцарија и слободно шетала низ Белград…

Снаата на Драган Којиќ- Кеба, залудно ѕвонеше, бизнисменот не сакаше да ја прими, па Севе се обрати на Инстаграм.

– Дојдов во Србија, затоа што таткото на мојот син реши да ја помине целата недела овде, и за да го видам својот син барем на судските термини, во вторник и четврток од 3 до 20 часот, како и следниот викенд. Се согласив дека не сакам понатамошни проблеми, затоа што постојано трпам закани и клевета. Од саботата, чекав и се молам да го видам своето осумгодишно дете кое цели пет дена не ја видело својата мајка.Не ми дозволи да го видам во саботата, во неделата тој рече дека е со браќата и дека ќе ми го даде во понеделник. Потоа вчера се предомисли. И кога конечно дојде вторникот, денот кога не плачам, наместо да го гушнам моето родено, неговиот татко самопрогласи самоизолација на Александар и самиот себе, заради патувањето на татко му во Австрија на 18 март, за кое тој воопшто не ми го пријави – напиша Северина.

Инаку, српските медиуми објавија дека Северина пристигнала во Белград од Швајцарија и не пријавила како совесен граѓанин дека престојувала во една од најранливите земји, и затоа мораше да помине две недели во изолација. Северина беше во Швајцарија на 7 и 8 март кога имаше настап, а кога дојде во Србија, ги игнорираше мерките на Република Србија и слободно го шеташе градот.

Насптори неа, Милан вели дека таа била известена за самоизолацијата на Милан и синот.

– „Навреме ја известив Северина дека ќе бидеме во изолација. Сепак, во нејзиниот карактеристичен дух на домашен насилник, таа толку силно се обидуваше да го искористи своето право. Кога тоа не успеа, таа, како и обично, ја повика јавноста за помош и почна да манипулира со поставување лажни и неточни информации, со намера да го минимизира таткото на своето дете, кој се грижи за здравјето на нашиот син. Ова треба да биде приоритет за секој родител. Се надевам дека ќе сфатат што е можно поскоро дека арогантното однесување не може да постигне ништо, но дека тој треба да започне да дејствува одговорно, цивилизирано и образовано – рече Милан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.